Top Sport

Фетел не може да вети побрз Ферари во Бахреин

Себастијан Фетел смета дека и покрај тоа што Ферари ги надминаа проблемите од првата Ф1 трка од сезоната во Австралија, не треба да се ветува премногу на втората трка од сезоната во Бахреин овој викенд.

Германецот и неговиот нов тимски колега Шарл Леклер беа изненадувачки спори на Алберт парк патеката со четвртто, односно петто место и со минута заостанување зад победникот Валтери Ботас во Мерцедес. По ова шефот на тимот, Матија Биното изјави дека „предизвиците се надминати“, но Фетел во Бахреин вели дека прво треба да се докаже дека тие се конкуренти за титулата.

„Последните неколку недели беа напорни и мислам дека имаме одговори, но како и секогаш, никогаш не ги добиваш сите одговори. Не верувам дека сме во позиција да ветуваме нешто. Вистината е дека мораме да почекаме и да видиме“, вели Фетел.

Ферари имаат шест победи на патеката во пустината Сакир, а Фетел има четири триумфи, вклучувајќи два во низа.

Scroll to Top