Top Sport

Фетел: Не верувам дека Грета Тунберг ќе сака да јаде со мене

Себастијан Фетел призна дека се обидел да се храни слично како својот Ф1 ривал, Луис Хамилтон со веганска диета, но дека изддржал само шест недели пред да се вратил на јадењето месо.

Во интервју за швајцарскиот весник „Блик“, Фетел вели дека се обидел со различни видови исхрана, но дека се откажал, иако гледа и позитивни работи, бидејќи сега јаде многу повеќе зеленчук.

„Работев на таа тема и искрено нема правилна диета бидејќи секој е различен и нашите тела реагираат поинаку. Не сакам да ме судат предвреме. Луѓето сметаат дека е или апсолутно прекрасно, или вистинско срање“, вели Фетел.

Тој исто така вели дека не сака да се оптоварува со политички теми, но би сакал да седне на разговор со младата активистка Грета Тунберг.

„Не би имал проблем да излезам на вечера со неа, но не верувам дека би сакала да зборува со мене. Во нивните очи јас не сум најдобриот пример за екологија. Но, добро е што младината е толку посветена. Важно е некој да стане и да каже јасно“, вели Германецот.

Scroll to Top