Себастијан Фетел верува дека тој и Ферари ја научиле лекцијата од 2017 година и дека нема да има реприза на „колапсот“ на формата на италијанскиот клуб во вториот дел од Ф1 шампионатот.
Германецот заостанува 24 поени зад Луис Хамилтон во Мерцедес, откако Британецот победи во Унгарија и Германија, губејќи ја предноста која ја имаше пред овие две трки. Ситуацијата наликува на 2017 година, кога Фетел беше лидер пред летната пауза, но потоа по серија на лоши трки и грешки на Ферари (вклучувајќи судир со Кими Раиконен на стартот на трката во Сингапур), му ја предадоа предноста на Хамилтон, кој потоа лесно стигна до својот четврти Ф1 трофеј.
„И оваа година гледаме дека се работи за форма како на нишало, и пред паузата таа отиде кај Мерцедес. Нормално, сакаме да имаме постојаност и да освојуваме поени, и не си направив услуга со грешката во Германија, но и тоа е дел од тркањето. Во споредба со лани, кога ја загубивме титулата поради тоа што болидот не ни беше доволно брз во вториот дел од сезоната, овојпат имаме поефикасен и посилен болид со многу потенцијал во него. Верувам во луѓето во фабриката и во нивниот талент. Како и да е, не чека возбудлив втор дел од годината“, изјави Фетел.
Фото: ЕПА