Иако шефот на Ферари, Маурицио Аривабене се пофали дека неговиот клуб вработува тркачи, а не слуги, Себастијан Фетел не е задоволен од однесувањето на својот колега Кими Раиконен на Италијанското ГП – каде што Раиконен се квалификуваше на пол-позицијата, а потоа не му пропушти позиција на стартот.
Фетел се обиде да го претекне Раиконен на првата шикана, но Финецот не му остави простор, а потоа имаше контакт со Луис Хамилтон, по што мораше да го спасува петтото место. По трката, Фетел не зборуваше со медиумите, туку директно со својот тим.
„Морав да го избегнам во следната шикана, и Луис ме помина. Немав место и се извртев. Не сум најсреќен од тоа како мојот тим ја реши ситуацијата и јас требаше да бидам на пол-позицијата. За мене е јасно – морам да се тркам со три болиди, вклучувајќи го и мојот колега“, изјави Фетел за германските медиуми.
Обично, Фетел постојано коментира дека Раиконен е неговиот најдобар клупски колега, но борбата за позиција овојпат беше преголема. Едно објаснување зошто Раиконен не дозволи Фетел да го помине, може да се најде во шпекулацијата дека Ферари пред трката во Монца му соопштила на Финецот дека нема да има договор за следната година и дека се решиле за Шарл Леклер. Според „Газета дело спорт“, новиот претседател на Ферари, Џон Елкан лично му кажал на Финецот дека ова е неговата последна сезона.
Аривабене: Во Ферари возат вистински возачи, а не „слуги“ како Ботас