Top Sport

Фетел: Никогаш нема да сум на Инстаграм или Твитер!

Себастијан Фетел останува единствениот возач во Формула 1 кој нема никакво присуство на социјалните мрежи, бидејќи возачот на Ферари смета дека тие платформи се направени за забава, а не за информација.

Во свет во кој дигиталната револуција придонесе на Интернет да се прават ѕвезди, Ф1 возачите го прифатија тоа со свои акаунти на Фејсбук, Твитер и Инстаграм, каде што дури го има и колегата на Фетел, Кими Раиконен, човек кој не е познат како многу дружељубив „дечко“ (освен под дејство на алкохол). Фетел нема да им се приклучи.

„Тие платформи го прават сосема спротивното од тоа што го тврдат. Не ја прикажуваат вистинската слика. Имате милиони следбеници, но ниту една фотографија не поминува нецензурирана. Мислите дека ги знаете луѓето од телевизија? Тоа е само за правење на пари. Немам потреба за таква комуникација. Зошто би требал да кажувам на луѓето каде сум сега? Не ги критикувам тие кои имаат присуство, бидејќи секој има слобода да го прави тоа, но јас не сум дел од тоа“, вели Фетел во интервју за германскиот магазин „Ауто мотор унд спорт“.

Фото: ЕПА

Scroll to Top