Top Sport

Фетел по Ф1 има амбиција да стане машински инженер

Себастијан Фетел откри дека по крајот на својата Формула 1 кариера може да се врати на својата стара желба и да стане машински инженер.

Германецот планирал да студира механички инженеринг на некој германски универзитет пред да стане Формула 1 возач и да освои четири светски титули со Ред бул пред во 2015 да направи трансфер во Ферари. Неговиот договор со италијанскиот тим завршува на крајот на 2020 и шпекулациите велат дека тој веќе преговара за едногодишно продолжување на договорот.

Одговарајќи на прашања на неговите фанови за време на принудната пауза од тркање, Германецот признава дека желбата за учење уште не го напуштила.

„Пред да станам професионален возач, кога завршив средно училиште, планирав да одам на факултет да учам машински инженеринг. Мислам дека тоа е нешто што уште ме интересира, иако во меѓувреме добив и нови интереси. Секогаш сум сакал да знам како функционираат работите, и би сакал да знам повеќе за тоа што се случува во нашите болиди, како се развиваат. Тоа е нешто за иднината“, вели Фетел.

Scroll to Top