Top Sport

Арсенал биле зад „петицијата“ за исфрлање на Манчестер сити од ЛШ?

Шефовите на Манчестер сити веруваат дека Арсенал е клубот кој бил лидер во групата на премиерлигаши кои лобирале Манчестер сити да ја отслужи двегодишната суспензија од Лигата на шампионите, јавува „Дејли мејл“.

Според весникот, сите клубови од горниот дел од табелата на Премиер лигата освен Шефилд јунајтед, пратиле писмо до Судот за арбитража во спортот (ЦАС), кој треба да одлучи дали да ја поддржи двегодишната европска суспензија која на Сити им ја додели УЕФА поради прекршување на финансискиот ферплеј.

Покрај ова, во Сити се лути што зад иницијативата се и лидерите во Премиер лигата Ливерпул, покрај Манчестер јунајтед, Челси, Тотенхем, Лестер, Вулверхемптон и Барнли.

Поради глобалната криза со КОВИД-19, се верува дека ЦАС нема да може да одлучи за казната на Сити до крајот на летото, што значи дека Сити ќе можат да побараат казната да биде суспендирана.

Scroll to Top