Top Sport

Фетел позитивен на КОВИД, Хилкенберг ќе вози во Бахреин

Возачот на Астон Мартин, четирикратниот светски шампион, Себастијан Фетел нема да може да настапи на првата трка од новата сезона овој викенд во Бахреин откако имаше позитивен тест на КОВИД-19, потврди неговиот тим.

34-годишниот Фетел е во својот дом во Швајцарија, каде што е во самоизолација, и на негово место шанса ќе добие германскиот ветеран Нико Хилкенберг. Ова ќе биде прв тркачки викенд за Хилкенберг од 2020, кога беше супер-замена за Серхио Перез (двапати) и Ленс Строл (еднаш) во тимот од Силверстоун, кој тогаш се викаше Рејсинг поинт, освојувајќи 10 поени. Хилкенберг ќе учествува во својата 180. ГП трка.

Scroll to Top