Top Sport

Фетел признава: Бев блиску до заминување од Ф1

Четирикратниот светски шампион Себастијан Фетел признава дека бил блиску до заминување од Формула 1 пред да го потпише повеќегодишниот договор со Астон Мартин, односно сегашниот тим на Рејсинг поинт бидејќи тие го убедиле дека имаат огромен потенцијал.

Фетел, победник на 53 ГП трки, по четири месеци шпекулации околу неговата иднина денеска потврди дека останува во Формула 1, додавајќи дека по одлуката Ферари да не му понудат договор размислувал за заминување од Ф1.

„Не знам дали постои мерка колку блиску си дошол? Но, беше блиску. Околу размислувањето и одлуката, на крајот се поставив во позиција да размислувам за тоа што е најдобро за мене“, вели Фетел пред трката за ГП на Тоскана на патеката Муџело во недела.

Рејсинг поинт е најпријатното изненадување оваа сезона, со болид базиран на минатогодишниот болид на Мерцедес, но тимот има само еден подиум досега, на минатонеделното Италијанско ГП, а последен пат победија во 2003 година, кога тимот беше познат како Џордан.

„Ова не беше лесна одлука, но имаше два фактори. Еден, секако, е вербата во способностса на тимот, која веќе е докажана на патеката. Но, доаѓа уште повеќе. Вториот фактор беше мојата желба за иднината. Дали беше време да се сопре или да се продолжи да се прави тоа. Се надевам на добри работи. Не сум тука да учествувам, да бидам Ф1 возач, ниту да правам пари. Сакам да остварам нешто со Астон Мартин“, вели Фетел.

Scroll to Top