Top Sport

Премиер лигата се откажа од „Black Lives Matter“

Клубовите од англиската Премиер лига нема да го носат слоганот „Black Lives Matter“ (БЛМ) на своите дресови следната сезона и наместо тоа ќе има порака од сопствената кампања „Без простор за расизам“ (No Room for Racism).

Слоганот на БЛМ беше поставен на дресовите на клубовите по рестартот на сезоната 2019/20 по глобалните протести предивикани од смртта на Џорџ Флојд по апсењето во мај. Сепак, дел од клубовите сметале дека британскиот оддел на БЛМ има неприфатливи пораки во нивната програма, како антисемитистички пораки и барање за распуштање на полицијата. На 30 јуни, лигата објави дека нема да поддржува политички организации и движења кои предизвикуваат насилство или нелегални активности.

„Ние, нашите клубови, фудбалери  и судии сме долгорочно посветени во борбата против дискриминацијата. Фудбалерите имаат глас на оваа тема, како што видовме минатата сезона. Ќе продолжиме да ги слушаме нашите фудбалери и да стоиме на антирасистички ставови“, вели претседателот на Премиер лигата, Ричард Мастерс.

Scroll to Top