Top Sport

Фетел: Работите не се совршени за Ферари

Мерцедес и Ферари продолжуваат со тактиката да ги намалуваат своите резултати во зимското тестирање, откако Себастијан Фетел посочи дека Ферари не се „совршено подготвени“ за стартот на новата Ф1 сезона.

Фетел беше најбрз во четвртокот на претпоследниот ден тестирање со 1:16.841, што сепак, беше далеку од најдоброто време на Валтери Ботас од 1:15.732 од минатиот петок. Мерцедес неколку пати посочија дека Ферари ја кријат вистинската брзина, но Фетел смета дека „сребрената стрела“ ќе биде најбрза во Мелбурн.

„Се надевам дека ќе бидеме први, но прерано е да се зборува. Во моментов фаворити се Мерцедес, а работите не изгледаат совршено за нас. Во првите три трки ќе ја видиме вистинската слика, и каква и да е таа, ќе се бориме до крај на сезоната“, вели Фетел во интервју за „Ер-те-ел“.

Scroll to Top