Top Sport

Гатузо: Де Лаурентис ми се јавува три-четири пати дневно!

Тренерот на Наполи, Џенаро Гатузо вели дека дневно се слуша со претседателот на клубот Аурелио де Лаурентис три-четири пати дневно, но воопшто не е загрижен за неговиот договор со „партенопеи“.

Поранешниот тренер на Милан дојде на „Сан Паоло“ во декември на местото на Карло Анчелоти, по што ја подобри формата, а во вторникот стигна до 1:1 реми со Барселона во осминафиналето на Лигата на шампионите.

„Имам договор до крајот на 2021 година, со опција да си заминам на 30 април. Но, засега, нема никаков проблем со мојот договор. Сакам да работам, дојдов тука за оствариме некои цели. Се слушам со претседателот три-четири пати дневно, но не зборуваме за мојот договор. Тука ми е убаво, возбуден сум кога има прекрасни услови за игра и најдов вистински професионален однос. Имав други опции за една или две сезони, но дојдов тука бидејќи знаев дека има шанса да водам одличен тим во Лигата на шампионите“, вели Гатузо.

Scroll to Top