Top Sport

Фетел разочаран од Ферари: Самите се победивме!

Себастијан Фетел посочи дека Ферари сами се „саботирале“ на Сингапур ГП трката откако поради погрешна стратегија тој беше „осуден“ на третото место на спектакуларната трка под рефлектори и сега е на 40 поени зад победникот Луис Хамилтон во генерален пласман.

Фетел не беше задоволен од својот тим ниту во саботата по квалификациите, во кои беше половина секунда зад Хамилтон и на третото место зад Макс Ферстапен. Иако тој успеа да го помине Холанѓанецот во првиот круг, Ферари првично се решија за стратегија со две влегувања во боксот повлекувајќи го Германецот рано на „ултра-меки“ гуми, по лошото разбирање на комуникацијата меѓу Хамилтон и Мерцедес.

Ред бул го искористи ова и го „скокна“ Ферстапен на второто место со влегување во боксот, а Фетел не успеа да нападне за да ги сочува гумите до крајот на трката.

„Во основа не бевме доволно брзи во текот на трката, иако се обидовме да бидеме агресивни на почетокот на трката. Имав различна трка од другите момци и бев сигурен дека ќе стигнам до целта, но влегувањето во боксот не беше опција. Ова не помага во борбата за титулата, но едноставно немаше шанса. Пред да почне викендот кажав дека само самите можеме да се победиме и тоа се оствари“, изјави Фетел.

Во Ферари, поразот очигледно не го прифатија добро, откако официјалниот извештај од трката одеше со наслов „Досадата победи“!

Хамилтон „граби“ кон титула, нова победа во Сингапур

Scroll to Top