Top Sport

Селски потег на Даглас Коста (видео)

Ѕвездата на Јувентус, Даглас Коста ја покажа својата „класа“ плукајќи го во уста ривалот од Сасуоло, Федерико ди Франческо, откако претходно го удри со глава и со лакт.

28-годишниот Коста доби црвен картон по консултирањето на ВАР-системот и го фрли во сенка 2:1 триумфот на Јувентус благодарение на двата гола на Кристијано Роналдо. Тој прво се расправаше со Ди Франческо, по што го плукна и го удри со глава. Судијата Даниеле Кифи прво му покажа жолт картон, кој беше преименуван во црвен.

Scroll to Top