Top Sport

Фетел: Сериозен удар за нас, болидот беше брз…

Германецот Себастијан Фетел, домашната трка во Хокенхајм ќе ја стартува од последната 20 позиција. На денешните квалификации Фетел не успеа да комплетира ниту еден круг поради проблеми со болидот на Скудерија Ферари.

„Ова е голем удар за мене и за тимот. Се радував на домашната трка. Болидот беше добро подготвен. Многу ми е жал. Сè се случи во незгоден момент. Секако дека никој не го посакуваше ова. Мораме да разбереме што точно се случи за да не ни се повтори ова во иднина. Многу сум разочаран, болидот беше брз“, рекол Фетел кој втор пат оваа сезона поради технички проблеми не ги заврши квалификациите.

Фијаското на Скудерија Ферари го комплетираше вториот возач Шарл Леклер кој исто така поради технички проблеми не излезе во третата квалификациска сесија и утре ќе стартува од десеттото место.

Пол-позицијата ја освои Луис Хамилтон пред возачот на Ред Бул Макс Ферстапен и тимскиот колега од Мерцедес, Валтери Ботас.

Трката за Големата награда на Германија се вози утре од 15.10 часот.

Scroll to Top