Top Sport

Фетел ветува: Ќе бидам помудар во иднина

Себастијан Фетел вели дека со тоа што ќе се обиде да биде „помудар“ ќе ги зголеми шансите да додаде уште некоја на четирите светски титули.

Возачот на Ферари водеше до летната пауза во Формула 1, но на крајот поради низа технички проблеми, но и возачки грешки, трофејот отиде кај Луис Хамилтон во супериорниот болид на Мерцедес.

Неодамна, поранешниот колега на Фетел, Даниел Рикјардо изјави дека тоа што Хамилтон бил смирен за разлика од Фетел било клучно во борбата за титулата. Во Сингапур ГП, Фетел загуби потенцијална победа откако агресивно ја бранеше пол-позицијата за да се судри со Кими Раиконен и Макс Ферстапен, додека на Азербејџан ГП беше казнет откако луто сврте кон Хамилтон додека двајцата беа зад безбедносното возило.

Сепак, Фетел вели дека уживал во борбата со Хамилтон.

„Нема сомнеж во брзината и умешноста на Хамилтон. Тој е многу брз и не греши многу. Жак Вилнев и Михаел Шумахер беа најдобрите и најтешките за дуел. Кога се бориш со најдобрите, одиш на ново ниво. Мислам дека денеска треба да бидам малку помудар за да бидам подобар возач“, вели Фетел.

Хамилтон: Го предупредив Фетел да не ме омаловажува

Scroll to Top