Top Sport

УЕФА ги објави носителите за Лигата на нации – Македонија носител во Лигата Д

Ждрепката за новото натпреварување на УЕФА, Лигата на нации ќе се одржи на 24 јануари во Лозана, во кое Македонија ќе стартува од лигата Д и тоа како носител.

Во Лигата А се најсилните европски репрезентации: Германија, Португалија, Белгија, Шпанија, Франција, Англија, Швајцарија, Италија, Полска, Исланд, Хрватска и Холандија.

Македонија ќе се најде во лигата Д, каде што можни противници ќе ни бидат Ерменија, Летонија, Фарски Острови, Луксембург, Казахстан, Молдавија, Лихтенштајн, Малта, Андора, Косово, Сан Марино и Гибралтар.

Четирите победници во групите ќе се пласираат во лигата Ц за 2020 година, а најдобрите четири рангирани репрезентации кои нема да се квалификуваат за Европското првенство во 2020, ќе играат плеј-оф во март 2020 со едно место за финалето. Од групата Д нема испаѓање.

Дуелите во Лигата на нации ќе се одржуваат од септември до декември 2018 година, додека финалето ќе се игра во јуни 2019 година.

Scroll to Top