Top Sport

ФИА ги разјасни правилата за политички протести и лични ставови

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) даде објаснување околу контроверзните правила за спречување на политички протести во Формула 1, остануваји на ставот дека секој ваков гест на ГП трките ќе треба да добие дозвола од нив.

Во декември ФИА го обнови Интернационалниот спортски код со клаузула според која е потребна писмена дозвол од ФИА за „политички, религиоззни или лични ставови или коментари“. Седумкратниот шампион Луис Хамилтон беше меѓу тие кои ја критикуваа ФИА, порачувајќи дека нема да го спречат да го кажува своето мислење, додека Лендо Норис од Мекларен изјави дека со ова правило ФИА се однесува кон возачите „како кон деца“.

ФИА во своето објаснување посочува дека возачите имаат право да се изразуваат во свото слободно време, но дека тоа нема да биде дозволеено на трките – на прес-конференциите (освен ако нема такво директно прашање), на патеката при парадите и изведувањето на химните, но и на подиумите. Ова исто така посочува дека протестите преку дизајни на кацигите исто така ќе треба да бидат дозволени од ФИА.

Доколку некој од возачите сака да направи ваков гест, тогаш ќе треба да побара писмена дозвола од ФИА четири недели предд трката.

Тие исто така објаснија кои работи би се сметале за „политички, религиозни или лични“ – сите политички личности (живи или починати), сите локални, регионални, национални или интернционални политички групации и групции, секој директен политички акт, секој воен конфликт или конфликт меѓу нации, региони, религии или заедници.

Scroll to Top