Top Sport

ФИА ги врати парите на Мејнор Ф1

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) ги врати парите кои Мејнор рејсинг ги уплати за учество во шампионатот оваа сезона како „гест на добра волја“ кон доверителите на сега непостоечкиот тим.

Мејнор плати 522.322 долари, и дополнителни 6.194 долари за поенот кој го освоија во 2016 во ноември минатата година. Но, надежите за спас во последен момент не се остварија откако шефот Стивен Фицпатрик објави официјално повлекување од шампионатот.

Обично, парите ќе ги задржеше ФИА, но овојпат тие решија да ги вратат на доверителите.

„’Џаст рејсинг сервисес’, компанијата во групацијата Мејнор одговорна за тимот отиде во стечај во јануари и тимот не учествуваше во шампионатот. ФИА ги врати парите со одземени административни трошоци на Мејнор групацијата како гест на добра волја за плаќање на нивните догови“, се вели во соопштението на ФИА.

Scroll to Top