Top Sport

Клоп: Мораме да му дадеме причина на Кутињо да остане

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп вели дека неговиот тим мора да осигура клучните играчи како Филип Кутињо да сакаат да останат во клубот, одговарајќи на новите шпекулации дека Барселона ќе го земат Бразилецот во јануари.

Поголемиот дел од летото Барса се обидуваше да го привлече Кутињо во Каталонија, но сопствениците на Ливерпул одбиваа да го продадат, а спортскиот директор на Барселона изјави дека барале 200 милиони евра. Клоп не е загрижен.

„Воопшто не сум загрижен. Единствена шанса за нас да бидеме успешни е да имаме добри играчи во тимот. Нашата работа е да ги натераме тие играчи да сакаат да останат на ’Енфилд’, а не да играат на друго место. Сезоната е долга, а нашиот тим е добар и сакаме да имаме успешна година“, изјави Клоп.

Кутињо не играше во првиот месец од Премиер лигата, но оттогаш се врати во топ-форма. Тој има постигнато пет гола, вклучувајќи еден во последниот натпревар, 3:0 победата над Саутемптон.

„Фил е 100 отсто во Ливерпул. По сите разговори и перговори, можно е да си отиде тој, а и било кој друг играч. Кога има отворен пазар има преговори, а кога пазарот ќе се затвори, тогаш треба да сме професионалци и да ја завршиме работата“, додава Клоп.

Scroll to Top