Top Sport

ФИА го „запленила“ системот за гориво на Ферари!

Контроверзите околу моторот на Ферари во 2019 година не престануваат, откако угледниот германски магазин „Ауто мотор унд спорт“ објави дека ФИА запленила делови на системот на гориво на СФ90 болидот, но и на уште еден тим кој користи мотори на Ферари.

По низата пол-позиции на Ферари по летната пауза, ривалите на Ферари, предводени од Ред бул и Мерцедес побараа ФИА да ги разјасни правилата околу моторите, а Ред бул подготви експертиза од три теоретски поставки на системот за гориво, кои ФИА ги отфрли како нелегални. По ова, ФИА објави техничка директива за забрана на сите системи кои го зголемуваат внесот на гориво во моторот. Една недела подоцна се објави и втора директива со која се потврди дека запалливото гориво во системот за ладење на моторите не смее да се користи во моторот на согорување.

Според „Ауто мотор унд спорт“, по Бразилското ГП, каде што иронично Ферари имаше катастрофална трка со судир на своите возачи Себастијан Фетел и Шарл Леклер, ФИА запленила дел од системот за гориво на СФ90 и на уште еден корисник на мотори на Ферари, по што ќе се направи детална анализа на деловите во лабораторијата на ФИА.

Scroll to Top