Светската автомобилистичка федерација (ФИА) и нивниот нов претседател Мохамед Бен Сулајем поставиле краен рок на 3 февруари за конечен извештај во истрагата за контроверзната последна трка од Ф1 сезоната во Абу Даби, јавува „Скај спортс“.
ФИА потврди дека ќе има истрага за последната трка, во која Макс Ферстапен го помина Луис Хамилтон во последниот круг, по контроверзната одлука на директорот на трки, Мајкл Маси да дозволи тркање во последниот круг, нешто што според Мерцедес било во спротивност на правилата на ФИА.
Ова доаѓа во моменти кога иднината на Хамилтон во Ф1 останува неизвесна, а Мерцедес ги отфрлија шпекулациите дека се договориле со ФИА да го тргнат Маси и шефот за технички прилики во Ф1, Николас Томбазис за Хамилтон да се врати во спортот.