Челниците на ФИА ја прифатија жалбата на Ф1 тимот Алпин, за казната што му беше изречена на Фернандо Алонсо по трката за Големата награда на САД во Остин. Во конечниот поредок Шпанецот заврши на седмото место и освои шест поени.
Искусниот, 41. годишен возач доби казна од 30 секунди по жалбата на тимот на Хас, кој сметаше дека болидот на Алонсо бил небезбеден, откако во финишот на трката од неговиот болид отпадна десниот ретровизор.
„Алпин Ф1 тим сака да им се заблагодари на стјуардите на ФИА, кои на крајот донесоа позитивен заклучок за болидот број 14 на Фернандо Алонсо. Со нетрпение очекуваме да ја продолжиме нашата заедничка работа, заедно со ФИА, за да се осигураме дека тркачкиот спектакл се одржува со највисок квалитет “, се вели во соопштението на тимот.
Инаку Алонсо во Остин беше најдобриот возач на патеката, имаше страшен судар со Ленс Строл, кога возеше 50.метри само на задните тркала. Поради тој инцидент мораше да го посети својот бокс, се врати на патеката претекна неколку возачи и го освои седмото место.
Lap 23 #USGP #F1 🚕⚠️ impacto @lance_stroll y @alo_oficial pic.twitter.com/35g2NKOX0d
— Isaac Alvarez (@AbrahamIAlvarez) October 23, 2022
Ф1 шампионатот продолжува викендов со трката за Големата награда на Мексико.