Top Sport

ФИА му врачи отказ на Мајкл Маси

Директорот на трките во Формула 1, Мајл Маси, е сменет од функцијата поради скандалозните одлуки кои го носеше во финишот на минатата сезона.

Одлуката на ФИА, ја објави претседателот Мохамед бен Сулајмен. Тој најави коренити промени, откако ФИА покрена истрага, во врска со котроверзниот крај на сезоната во Формула 1 во 2021 година.

За потсетување, проблематична е последната трка во сезоната, во Абу Даби, каде Маси донесе неколку катастрофални одлуки, поради што последните пет круга влегоа во историјата на Формула 1.

Титулата ја освои Макс Ферстапен пред Луис Хамилтон, кој водеше до последниот круг. Маси најмногу погреши кај примената на правилото за безбедносното возило. На тој начин директно влијаеше во борбата за шампионската титула.

Во иднина, двајца ќе ја обавуваат оваа функција, а исто така директорите ќе имаа дополнителна помош.

Scroll to Top