Top Sport

ФИА нема да ги суспендира руските и белоруските возачи, ќе возат како неутрални

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) стана една од ретките спортски интернационални федерации кои не забранија на руските и белоруските возачи да настапуваат на меѓународните натпреварувања, иако тие ќе бидат ограничени со тоа да возат под „знаме на ФИА“ како неутрални спортисти.

По итниот состанок на Светскиот моторспорт совет (ВМСЦ) на ФИА, претседателот на ФИА, Мохамед Бен Сулајем објави дека нема да има понатамошни натпреварувања во Русија и Белорусија, и нема да може да се користи знамето, симболите и химните на тие две земји.

ФИА исто така формално го откажа Руското ГП во Сочи оваа година, бидејќи тие се единствени кои имаат моќ да го направат тоа под правилата на „виша сила“.

„Како што знаете, ФИА го следи развојот на настаните во Украина со тага и шок и со надежи на брзо и мирно решение на ситуацијата. Ја осудуваме руската инвазија на Украина и нашите мисли се со тие кои страдаат“, вели претседателот на ФИА, Бен Сулајем.

Ова значи дека Формула 1 возачот на тимот на Хас, Никита Мазепин ќе може да продолжи да се натпреварува во спортот, иако не е јасно дали компанијата на неговиот татко, гигантот за производство на вештачко ѓубриво, „Уралкали“ ќе продолжи да биде спонзор на тимот.

Scroll to Top