Светската автомобилистичка федерација (ФИА) потврди дека склучиле „приватен договор“ со Ферари по истрагата околу контроверзниот мотор кој италијанскиот тим го користеше минатата сезона.
Повеќе тимови изразија сомнежи околу моторот на Ферари и наводното заобиколување на правилата околу нивото на проток на гориво во моторот, но ФИА постојано тврдеше дека моторот не ги прекршува правилата, а ниту еден тим не протестираше формално. Сега, ФИА објави дека истрагата е завршена со помалку чудно соопштение.
„ФИА објавува дека по детална техничка истрага, се дојде до заклучок на анализата на операцијата на моторот на Ферари и склучи договор со тимот. Одредбите од договорот ќе бидат доверливи меѓу двете страни. ФИА и Ферари се согласија за поголем број на технички обврски кои ќе помогнат во надгледување на сите мотори во Ф1 оваа сезона и во развојот на моторите“, се вели во соопштението на ФИА.
Секако, изборот на зборови во соопштението е интересен, бидејќи никаде не се посочува дека Ферари ги почитувале правилата, а дополнително се вели дека Ферари ќе помогне во надгледувањето на моторите оваа сезона.
The FIA has reached a private “settlement” with the Ferrari #F1 team following an investigation into the team’s 2019 power unithttps://t.co/fiqax6dUrA
— Autosport (@autosport) February 28, 2020