Top Sport

ФИА со техничка директива ќе го решава „потскокнувањето“ на болидите

Светската автомобилистичка федерација (ФИА) најави дека ќе воведе нов техничка директива за сите Формула 1 тимови за да се намали ефектот на „потскокнување“ на болидите, кој се појави оваа сезона и од кој страдаат повеќе тимови, вклучувајќи ги и Мерцедес.

Таканареченото „porpoising“ кај болидите под новите правила имаше значително негативно влијание на возачите во последните трки – седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон едвај излезе од својот болид поради болките во грбот на нерамната патека во Баку минатиот викенд, а на слични проблеми се пожалија и Пјер Гасли и Даниел Рикардо.

ФИА вели дека поаѓа од желбата да се заштити здравјето на возачите по физичкото влијание на потскокнувањето во последните трки.

„Техничката директива е поднесена кај тимовите со мерките кои ФИА ќе ги преземе за да се намине проблемот. Прво ќе има детално прегледување на дизајнот на подовите на болидите, и одредување на дозволено ниво на вертикални осцилации преку одредена математичка формула. Покрај овие краткотрајни мерки, ФИА ќе свика и состанок со тимовите за да се одредат мерките за подобрување на ситуацијата за возачите“, се вели во објавата на ФИА.

Scroll to Top