Top Sport

ФИАТ групацијата доби понуда да го откупи тимот на Заубер

Џон Елкан, претседателот на ФИАТ групацијата, под која спаѓа и Ф1 тимот на Ферари, добил понуда да го откупи тимот на Заубер Ф1, кој неодамна беше преименуван во Алфа Ромео рејсинг.

Пред неколку дена, името Заубер, по основачот на тимот Петер Заубер, замина во Ф1 историјата, откако Алфа Ромео потврди дека ја зголемува соработката со тимот и за новата сезона ќе го носи името Алфа Ромео рејсинг. Тимот од Хинвил, Швајцарија, уште е во сопственост на „Ислеро инвестментс“, компанија во сопственост на „Лонгбоу финанс“, кои во 2016 година го откупија тимот од основачот Петер Заубер и шефицата Мониша Калтенборн.

Заубер во 2018 ја зголеми соработката со снабдувачите со мотори, Ферари, формирајќи техничка соработка, а според „Аутобилд“, ФИАТ плати 6 милиони евра за промена на името за 2019 година, и сега до летото има период во кој може да го откупи тимот, со што би добиле Б-тим во Ф1, и можеби уште повеќе, уште еден глас во политичката борба со сопствениците на Ф1 „Либерти медија“ околу правилата од сезоната 2021.

Алфа Ромео рејсинг во 2018 ќе го има зад воланот поранешниот светски шампион Кими Раиконен, и возачот од академијата на Ферари, Антонио Џовинаци.

Scroll to Top