Top Sport

Фабињо загрижен: Ливерпул мора да се обиде да направи нешто поинаку

Фабињо признава дека Ливерпул мораат да се обидат да играат малку поинаку во обидот да се стигне до трофејот од Премиер лигата, откако разликата на табелата по две ремија се намали на само три поени пред Манчестер сити.

Пред само една недела изгледаше дека Ливерпул само ќе ја зголемува предноста, но наместо тоа прво дома одиграа 1:1 со Лестер, а потоа вчера на гостувањето кај Вест хем резултатот беше идентичен. Фабињо инсистира дека нема причина за загриженост, но додава дека Ливерпул мора да најде начин да ги совлада тврдоглавите противници ако сакаат до титула.

„Самоуверени сме, имавме брилијантен декември, речиси совршен, но сега паднавме во формата. Тешко е да се опише зошто се случи ова. Мислам дека тимовите кои играат против нас одат многу длабоко. Мораме да се обидеме со поинаква игра, бидејќи вака не можеме да го најдеме просторот. Одиме по средината и тоа  е тешко против физички силни дефанзивци. Сакаме да играме подобро секој ден, но тоа не се случува. Но, го знаеме нашиот квалитет и мораме да даваме повеќе на теренот“, изјави Фабињо.

Фото: ЕПА

Scroll to Top