Двократниот светски шампион во Формула 1, Емерсон Фитипалди вели дека новиот шампион Луис Хамилтон е „човек од акција“ и би бил вистинска ѕвезда во спортот и во 1970-тите.
Бразилецот Фитипалди, кој ги освои трофеите во 1972 и 1974 година вели дека Хамилтон е одличен за спортот, бидејќи има достапност до поширока публика од другите возачи.
„Ми се допаѓа Луис, бидејќи тој е еден од најдобрите возачи во историјата и ги заслужува своите титули. Го следам од времето кога го гледав во Ф3 трките во Германија пред многу, многу години. Мислам дека е екстремно талентиран и има одличен стил на возење. Многу е агресивен, и знае како да претекнува. Тој прави вистинско шоу и тоа ни е потребно во оваа нова ера. Вистински човек од акција“, вели Фитипалди.
Запрашан каде Хамилтон е меѓу великаните во Ф1, Фитипалди вели дека со тој талент би бил успешен и во минатата ера.
„Од моја перспектива во врвната група е Хуан Мануел Фанџо, Џим Кларк, Џеки Стјуарт, бидејќи е од мојата ера, и Аиртон Сена, бидејќи ми беше пријател и Бразилец. Ако ги земете тие три или четири возачи и имате временска машина, Луис кога би се вратил во мојата ера и бивозел Мекларен или ЈПС Лотус, би бил многу тежок ривал. Нема сомнеж во тоа“, додава Фитипалди во интерјвуто за „Моторспорт“.