Top Sport

(Видео) Украинците се налутија: Барса да се пријави да игра во руското првенство

Три украински фудбалски клубови остро реагираа на поздравите на двајца фудбалери на Барселона до своите руски фанови по освојувањето на титулата во Ла лига.

Алекс Балде и Серхи Роберто снимија пораки до руските навивачи по титулата. „Голем поздрав до сите фанови на Барселона во Русија. Се гледаме наскоро“, изјави Балде, додека Роберто додаде: „Драги фанови од Русија. Голема благодарност за вашата поддршка и енергија. И вие сте дел од оваа победа. Се надевам дека заедно ќе освоиме уште многу титули“.

Клубот Десна од Чернигов, ги покани фудбалерите на Барса да дојдат да играат на нивниот стадион, кој беше уништен за време на војната.

„Ги очекуваме Барселона во нашата област. Многу е прикладно оод нашиот град да им посакаме добрдојде на фанови на терористичка земја, со звукот на сирените за воздушен напад. Имате шанса да погледнете во очите на илјадници семејства кои ги загубија домовите, саканите. Следниот домашен меч да го играте на нашиот стадион, каде што вашите пријатели окупатори ги направија подготовките“, се вели во објавата на Десна.

Шампионот Шахтјор Доњецк, се јави со порака на генералниот директор, Серхиј Палкин.

„Сметаме дека ова е неморален чин. Мораме да запаметиме дека ниту една победа на фудбалски терен не е вредна колку живот на едно дете, ниту едни пари заработени на фудбалскиот пазар не вреди уништување на градови и страдање на луѓе. Се надеваме дека Барселона ќе сфати дека поддршка на земја како Русија е неприфатлива“, вели Палкин.

Динамо Киев пак, беше саркастичен на социјалните мрежи.

„Искрено препорачуваме Барселона да поднесе апликација за учество во рускиот шампионат“, велат од најславниот украински клуб.

Scroll to Top