Формула 1 фановите на крајот на минатата сезона беа „почестени“ со новото официјално лого на шампионатот, по што следуваа големиот број на критики за менувањето на „летечкото Ф“ лого, кое две децении беше симбол на спортот.
Покрај проблематичниот прием кај фановите, новите сопственици на Формула 1, „Либерти медија“ сега се наоѓаат пред легални проблеми, јавува Кристијан Силт, популарниот Ф1 новинар кој е специјалист за бизнис-страната на спортот.
Според него, компанијата „3М“, американскиот гигант за производство на различни хемиски производи, веќе има слично лого „Ф“ регистрирано за едиција на машки хеланки.
„Уште не сме разговарале за логото со другата страна, но ја разгледуваме ситуацијата“, изјави портпаролот на М3.