Top Sport

Формула 1 откажа уште три трки, но и промените на правилата за 2021!

Останува неизвесно колку Формула 1 трки ќе гледаме оваа година, откако ФИА ги откажа Холандското ГП, Шпанското ГП и Монако ГП и во исто време ги одложи воведувањата на промените во спортот од 2021 за 2022 година.

Претходно беа откажани Австралиското ГП, Бахреин ГП, Виетнам ГП и Кинеско ГП поради пандемијата на корона вирусот, и ФИА сега се надева дека сезоната ќе почне „што е можно побргу по мај“.

„Одлуката беше донесена за да се осигура здравјето на учесниците и на фановите“, посочуваат од ФИА, комплетирајќи ја катастрофалната недела за Ф1.

Првата трка од сезоната во Мелбурн беше откажана откако еден член на Мекларен беше позитивен на корона вирусот и тимот се повлече. По ова, спортот ја помести „летната пауза“ во март и април за да се осигураат повеќе трки во текот на летото, за на крај да дојде и промената на големите промени во спортот за 2021 за да се намалат трошоците на клубот.

Во една сезона мора да има барем осум ГП трки за сезоната да се смета како Светски шампионат. Формула 1 планира да ја стартува сезоната со Азербејџанското ГП на 7 јуни, но останува да се види дали и тоа ќе биде изведливо.

Scroll to Top