Top Sport

Формула 1 се дистанцираше од Еклстоун: За неговите мислења нема место во Ф1

Иако беше одговорен за преобразувањето на Формула 1 во мултимилионскиот бизнис кој е денеска, Берни Еклстоун веќе не е добредојден во спортот, откако спортот се дистанцираше од 83-годишниот Англичанец по неговите контроверзни коментари околу расизмот.

Еклстоун во интервју за „Си-ен-ен“ го коментираше активизмот на шесткратниот Ф1 шампион Луис Хамилтон и движењето „Black Lives Matter“ велејќи дека понекогаш црните луѓе се поголеми расисти од белците.

Формула 1 официјално објави соопштение во кое ги осуди коментарите на Еклстоун.

„Во време кога е потребно единство за борба со расизмот и нееднаквоста, целосно не се согласуваме со коментарите на Берни Еклстоун, за кои нема место ниту во Формула 1, ниту во општеството. Господин Еклстоун нема никаква улога во Формула 1 откако си замина во 2017 година, а неговото почесно претседателство истече во јануари 2020“, се вели во соопштението на Ф1.

Еклстоун: Црните луѓе честопати се поголеми расисти од белците!

Scroll to Top