Top Sport

Формула 1 возачите се „обединија“

Сите Формула 1 возачи, вклучувајќи го и светскиот шампион Луис Хамилтон, покажаа невообичаена обединетост, откако се согласија за членство во Асоцијацијата на ГП возачи (ГПДА) за да можат да влијаат на насоката во која ќе се движи спортот.

Претседателот на ГПДА, поранешниот возач Алекс Вурц вели дека првпат во историјата неговата организација има 100 отсто присутност меѓу Ф1 возачите. Хамилтон, кој ја освои својата четврта титула со Мерцедес оваа година, не е член на ГПДА во последните неколку сезони, а претходно во организацијата не беше присутен ниту шампионот од 2007 година, Кими Раиконен.

Вурц, вели дека по откупувањето на првата на Ф1 од страна на американската „Либерти медија“, очекуваат период на „еволуција, промени, а можеби и немир“.

„Возачите сфаќаат дека мораат да бидат обединети за да се соочат со промените кои следат“, вели Вурц.

Ферари, најуспешниот и најстариот Ф1 тим повторно се закани дека може да замине од спортот ако тој не ги следи нивните интереси, но Вурц вели дека главната загриженост е околу губењето на клучните вредности.

„Сакаме да спречиме политиката или борбата за моќ да го уништи тркањето. Акција на патеката е клучно за успехот на спортот“, вели Вурц.

Scroll to Top