Top Sport

Ресторанот на судијата Џакомели на удар на фановите на Лацио

Позицијата на фудбалски судија никогаш не е лесна, посебно во Италија. Проблемот се комплицира кога покрај акцијата на фудбалскиот терен имаш и кафеана, повторно, посебно во Италија.

Судијата Пјеро Џакомели направи две контроверзни одлуки при 3:1 поразот на Лацио од Торино, по кој римскиот клуб дури се закани со излегување од лигата сметајќи дека има „заговор“ за нив. Покрај репутацијата на судијата, настрада и репутацијата на неговиот ресторан „Кафе Росети“ во Трст.

Фановите на Лацио „организирано“ решија да му доделуваат лоши рецензии на кафеаната, потсмевајќи се со квалитетот на храната.

„Дали готвиш како што судиш“, вели една рецензија, а друга додава „Ова место е исто толку лошо како Џакомели“. Според весникот „Ил месаџеро“, ресторанот добил лоши рецензии и на популарниот веб-сајт за патување „Трип адвајзор“.

Иронично, сајтот „Фудбал Италија“ тврди дека „Кафе Росети“ веќе нее во сопственост на Џакомели.

Лацио се заканува со излегување од Серија А (видео)

Scroll to Top