Ауди потврдија дека го суспендирале германскиот возач во Формула Е шампионатот Даниел Абт откако тој мамеше на виртуелната трка минатиот викенд, користејќи друг човек за да ја вози неговата трка, и германските медиуми тврдат дека тука престанува соработката.
27-годишниот Абт бил зад планот да го користи професионалниот возач на Е-трки, Лоренц Херцинг под негово име на виртуелната трка во Берлин од Формула Е шампионатот. Абт во неделата се извини откако беше откриена измамата преку ИП адресата.
Абт е ветеран на Формула Е шампионатот, во кој вози од стартот на шампионатот на болиди на електричен погон, победувајќи на трките во Мексико Сити и Берлин во 2018 година.