Top Sport

Рускиот милијардер Мазепин го купува Рено за неговиот син да има каде да вози?

По големите финансиски проблеми на францускиот автомобилски гигант Рено и барањето на заем од 5 милијарди евра од француската влада, најверојатно ќе страда Формула 1 тимот на компанијата, во најавеното кратење на трошоците, но како спасител се појавува рускиот милијардер Дмитриј Мазепин.

Според италијанскиот весник „Ла газета дело спорт“, Мазепин би можел да влезе како инвеститор во Ф1 тимот, слично како што Лоренс Строл успеа да го преземе и „спаси“ тимот на Рејсинг поинт.

Мазепин има голема причина да си купи Формула 1 тим, бидејќи неговиот син, Никита Мазепин подолго време е во мотоспортот, и минатата година настапуваше во Азиската Формула 3 серија, каде што оствари една победа.

Ова не е првпат постариот Мазепин да се појавува како заинтересирана странка во Формула 1, откако минатата година понуди да го „спаси“ Вилијамс доколку неговиот син добие место во тимот.

Вилијамс ќе стане Форца Русија во 2020?

Рено е пред колапс, целата компанија може да „исчезне“

Scroll to Top