Top Sport

(Фото) Црвените знамиња ги обележаа квалификациите – Норис пред Расел на пол-позицијата, катастрофа на Ферстапен

Ландо Норис ја освои пол-позиција во хаотичните квалификации пред трката за Големата награда на Бразил. Квалификациите, во кои пет пати беше истакнато црвено знаме, траеја еден час и 40 минути.

Квалификациите, кои се возеа по водена патека, донесоа неочекуван поредк на стартот. До Норис трката ќе ја започне Џорџ Расел од Мерцедес, а потоа следуваат Јуки Цунода од РБ, возачот на Алпин Естебан Окон и колегата на Цунода, Лијам Лосон. Зад нив се Шарл Леклер (Ферари), Алекс Албон (Вилијамс), Оскар Пјастри (Мекларен) и возачите на Астон Мартин, Фернандо Алонсо и Ленс Строл.

Овие двајца како и Албон, Колапинто и Саинц во различни делови од квалификациите предизвикаа да биде истакнато црвено знаме.

Прашање е колкави се оштетувањата на нивните болиди, тоа особено важи за возилото на Албон.

На истекот на втората сесија, излетувањето на Строл предизвика црвено знаме, кое му го упропасти летечкиот круг на Макс Ферстапен. Претходно во овој дел квалификациите ги заврши и Карлос Саинц јуниор.

Шпанецот ќе стартува од 14.место. Едно место пред него е Серхио Перез, а Верстпен кој беше 12., поради казната трката ќе ја започне од 17.позиција, веднаш зад Луис Хамилтон.

Седумкратниот сетски првак ужесно возеше во првата квалификациска сесија која ја заврши на 16.позиција.

Според најавите, трката за Големата награда на Бразил треба да започне во 16.30 часот.

Scroll to Top