Луис Хамилтон претпладнево прв пат седна во болидот на Ферари. Поради правилата на Формула 1, го возеше болидот од 2023 година. За тифозите, кои во огромен број пристигнаа во Фиорано, ова беше повеќе од обичен тренинг.
Седумкратниот светски првак, Луис Хамилтон на 1.јануари официјално стана член на Ферари. Пред два дена Британецот пристигна во базата на Ферари, се запозна со персоналот, фабриката на славниот тим, а имаше можност да вози во симулаторот.
Утрово во Фирано се случи вистински спектакла. Навивачите од 5 часот наутро го чекаат моментот кога Луис Хамилтон за прв пат ќе излезе на патеката со црвениот болид.
Патеката беше опколена од илјадници навивачи кои поставија шатори, закачија црвени знамиња и ја окупираа секоја слободна педа долж патеката.
„Ова е сон на секој навивач на Ферари“, рече еден од тифозите кои со семејството пристигнал од Модена носејќи огромно знаме со логото на Ферари.
Како што излегувањето на Хамилтон се приближуваше, атмосферата на патеката се повеќе се вжештуваше.
Навивачите го скандираа неговото име, а секое појавување на црвениот болид од боксот беше проследено со овации.
„Кога конечно го видовме на патеката, тоа беше момент што ќе го паметиме до крајот на на нашите животи“, изјавија за италијанска „Газета дело Спорт“, група навивачи од Велика Британија, кои пристигнаа специјално за настанот.
„Никогаш не сум видел такво лудило“, призна еден од работниците на патеката, додавајќи дека Фиорано одамна не доживеал вакво нешто.
Многумина ја следеа секоја реакција на социјалните мрежи на своите мобилни телефони, каде се споделуваа снимки во живо и фотографии од моментот кога Хамилтон излегува од боксот.
Stepping into a new era 👊
Lewis Hamilton takes his first lap in a Ferrari! pic.twitter.com/LCOws2haSn
— Scuderia Ferrari HP (@ScuderiaFerrari) January 22, 2025
Lewis out on track in a Ferrari 🔥 pic.twitter.com/sIMRLLZBSE
— Lewis Hamilton our champion (@lhourchampion) January 22, 2025