Top Sport

Гасли: Бев на два метри од смртта

Возачот на Алфа Таури, Пјер Гасли, верува дека лесно можел да загине на стартот од трката за Големата награда на Јапонија во Сузука.
Во услови на намалена видливост, тој со брзина поголема од 200 километри на час, Гасли се обидуваше да ја намали разликата до безбедносното возило кое излезе на патеката откако, во првиот круг, излетаа Карлос Саинц и Алекс Албон.

Први таа брзина, Гасли за малку ќе се судрел со кран, возило што се користи за влечење автомобили од патеката. Како ова возило се најде на патеката, пред сите возачи да се вратат во боксот, на никого не му беше јасно.

„Што е ова? Трактор! Што прави трактор на патеката!”, праша тој преку тимското радио.

По трката направи анализа на она што се случи, кога доби казна од дирекцијата на трката.

„Се обидов да ја намалам брзината, бидејќи доколку забрзав уште повеќе ќе ја изгубев контролата над возилото и ќе удрев во кранот. Денеска бев на два метри од смртта, тоа е неприфатливо. Сите бевме во боксот една минута подоцна. Да го ризикувам животот за една минута? Мислам дека тоа не е прифатливо. Кранот беше на патеката. Два метри лево од мојата предна лева гума. Бев многу исплашен“, изјави Гасли.

Сè потсетуваше на несреќата што се случи во 2015 година кога Жил Бјанки загина во Јапонија.

„Сите страдавме поради тоа што му се случи на Жил. Само да можевме да се вратиме во тоа време и да ја промениме ситуацијата, тој ќе беше со нас денес. Она што сакам во иднина е сите мои колеги да бидат безбедни, и во Ф1 и во пониските класи. Се надевам дека ќе научиме од оваа ситуација“, изјави Гасли.

Тој по трката беше казнет поради прекршување на член 57.2 од правилникот за натпреварување, кој вели дека возачот мора полека да се враќа во боксот во случај на црвено знаме.

Стјуардите објавија дека тој се движел со брзина од 251 километар на час.

На крајот, на неговиот резултат беа додадени 20 секунди, па наместо 17, заврши на 18. место.

Scroll to Top