Формула 1 е спорт толку зависен од машината, што Пјер Гасли смета дека седумкратниот Формула 1 шампион, Луис Хамилтон би бил последен во болид на Вилијамс или Хас.
Во вечната дебата за тоа кој ја прави најголемата разлика во Формула 1, болидот или возачот, и возачот на Алфа Таури, Гасли вели дека дури ниту Хамилтон не би ја надминал разликата на лошо дизајниран болид.
„За жал во нашиот спорт, болидот го прави мнозинството од резултатот. Дури и Луис да е најдобриот возач во историјата, денеска во болид на Вилијамс или Хас би бил на последното место. Не би бил трети или петти, туку 18. или 19. Тоа е реалноста“, вели Французинот.