Top Sport

Главниот инженер на Ред бул: Џабе ќе не копираат

Главниот инженер на Ред бул рејсинг, Пол Монахан признава дека неговиот тим не бил задоволен од фотографиите на нивниот дизајн на подот на болидот се рашириле меѓу Ф1 тимовите, но не верува дека „игнорантни копии“ ќе им донесат брзина на ривалите.

Долниот дел на доминантниот РБ19 болид беше фотографиран откако Серхио Перез излета на квалификациите за Монако ГП трката, по што мораше да биде кренат со кран. Ривалите, вклучувајќи ги и Мерцедес, признаа дека било интересно да се види решението на Ред бул и да се добијат идеи за аеродинамиката.

„Тоа не беше добро за нас. Но, се случи и одиме понатаму. Но, постои фаза која мора да се помине од гледањето, анализата и вклучувањето на дизајнот во болидот. Би кажал дека игнорантни копии нема да ги направат болидите побрзи. Не се работи само за геометрија на подот. На пример ако ние влеземе во имплементирање на нов дизајн на подот, ќе ни треба до октомври, односно до Јапонското ГП за да го имплементираме. Затоа ќе си продолжиме со нашата работа без да се грижиме за тие што копираат“, вели Монахан.

Scroll to Top