Top Sport

Наполи го убедуваат Зидан да се врати во Италија

Наполи продолжува со потрагата на вистински наследник на Лучано Спалети, и активно се обидуваат да го убедат поранешниот тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан да го води италијанскиот шампион.

64-годишниот Спалети веќе потврди дека заминува од Неапол откако ги предводеше до третото скудето со што влезе меѓу легендите на клубот. Наполи подолго време се обидуваат да најдат замена за тренерот, и според француските медиуми, Зидан, кој неодамна по вторпат ги одби Пари Сен-Жермен бил на врвот на листата на кандидати.

Останува да се види ако успеат да го направат овој подвиг, како ќе реагираат навивачите на „партенопеи“ бидејќи тој помина пет години во лутиот ривал Јувентус од 1996 до 2001 година.

Scroll to Top