Трката за Големата награда на Бахреин во шампионатот на Формула 1 ќе се одржи без публика. Поради коронавирусот организаторите решија да ги затворат трибините.
„Во консултација со нашите меѓународни партнери и националната здравствена служба, Бахреин донесе одлука трката оваа година да се одржи без публика. Мораме да се грижиме за нашите навивачи и натпреварувачите, тоа е голема одговорност, со оглед на ширењето на коронавирусот. Не би били исправно настанот да биде отворен за јавноста“, се вели во соопштението на организаторите.
Поради коронавирусот во Италија, сите спортски настани во наредниот месец ќе се одржуваат без присуство на публика.
Досега повеќе од 100 земји пријавиле заразени од коронавирус.