Трката за Големата награда на Белгија може да се одржи на 30 август, соопштија во петокот локалните власти.
Во Белгија се забранети масовни собири до 31 август, меѓутоа премиерот на покраината Валонија Елио ди Рупо рекол дека трката на патеката Спа Франкошамп би можела да се одржи без публика.
„Ова важи само под услов строго да се почитуваат правилата за социјално дистанцирање, како и санитарно-хигиенските мерки“, рекол тој.
Коронавирусот целосно го смени распоредот во Формула 1, сезоната се уште не е започната. Првите десет трки се откажани или одложени.
Според последните шпекулации новата сезона би требало да започне на 5 јули во Австрија.