Викендов во Сао Паоло ќе се вози трката за Големата награда на Бразил. Организаторите објавија дека трибините ќе бидат исполнети до последното место.
Бразилците за само три дена продале 170.000 влезници. Лани, поради коронавирусот, трката во Бразил не се одржа. Властите, соопштија дека ова ќе биде спортски настан со најмногу публика од почетокот на пандемијата.
Навивачите за да влезат на трибините ќе мора да покажат сертификат за вакцинација или негативен тест, на трибините ќе мора да носат маски.
Трката во Интерлагос, Макс Ферстапен ќе ја започне со предност од 19 поени во однос на Луис Хамилтон.