Top Sport

ГН на Монако не е одложена туку е откажана

Организаторите на трката за Големата награда на Монако се огласија по објавата дека оваа трка и трките во Холандија и Шпанија се одложени и дека ФИА ќе бара нови термини во календарот тие да се одржат. Од Монако се огласија дека трката не е одложена туку дека е откажана.

Организаторите на трката која се вози низ улиците на Монте Карло појасниле дека има неколку причини поради која донеле одлука Големата награда на Монако да не се вози оваа сезона.

Една од неможноста за ангажирање на потребниот број на работници и волонтери кои работат на подготвување на патеката.

„Во моментов не знаеме како ќе се развива пандемијата, не знаме како тоа ќе влијае врз светското првенство во Формула 1. Факт е дека за организацијата на трката се потребни околу 1.500 волонтери“, стои во дел од соопштението на организаторот Авто клубот Монако.

Откако Ф1 и ФИА ја откажаа првата трка во сезоната, Големата награда на Австралија, во овој момент е јасно дека календарот ќе биде скратен за две трки.

Scroll to Top