Top Sport

Обамејанг има неколку опции

Пјер-Емерик Обамејанг нема намера да го продолжи договорот со Арсенал. Бидејќи актуелниот договор му истекува на 30 јуни 2021 година реално е тој во летниот преоден рок да го напушти клубот.

„Тутоспорт“ пишува дека четири клуба ќе влезат во трката за потписот на Габонецот. Покрај Барселона Обамејанг во своите редови сакаат да го видат Манчестер Јунајтед, Интер и Пари Сен Жермен.

Бидејќи влегува во последната година од договорот Обамејанг нема да биде скап, според некои шпекулации Арсенал ќе го пуштат за 60 милиони евра.

Засега не е познато за која опција ќе се реши 31 годишниот Обамејанг кој сезонава има постигнато 20 голови.

Scroll to Top