Top Sport

Големата награда на Катар ќе дебитира во Ф1

Ф1 соопшти дека во ноември, во Доха, ќе се вози трка во шампионатот. Големата награда на Катар на програмата ќе биде на 21.ноември.

Катар ќе дебитира во Формула 1, откако челниците на ФИА решија оваа трка да биде замената за откажаната Големата награда на Австралија. Викендот во Доха, од 19. до 21.ноември ќе биде 20 во сезоната.

Големата награда на Катар, во календарот на Формула 1 ќе биде од 2023 година. Организаторот на трката со ФИА има потпишано 10-годишен договор.

На патеката во Катар, од 2004 година, се возат трки во Мото ГП шампионатот.

Scroll to Top